Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 5 степени во раните утрински часови до максимални 18 степени во текот на денот.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во среда. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 20 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.
Облачното и врнежливо време ќе се задржи и во петок кога ќе дува и силен ветер од јужен правец кој на момент ќе надмине и 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да достигне 22 степени.
Врнежлив ќе биде и првиот ден од претстојниот викенд. Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен правец, а температтурата ќе се движи од 3 степени во утринските часови до максимални 17 во текот на денот.
Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време, но врнежите ќе престанат. Сепак силниот ветер кој ќе надминува над 50 километри на час ќе се задржи. Температурата ќе биде во благ пад, па така утринската ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.
Почетокот на следната работна недела повторно носи услови за нестабилност.
Никола Ивановски