УЕФА во петокот објави дека одлучила да го премести финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург во Париз поради руската инвазија на Украина.
Loading...
Финалето ќе се игра на 28 мај на „Стад де Франс“, каде што се играше финалето во 2006 година, кога Барселона го победи Арсенал.
УЕФА исто така додаде дека сите домашни натпревари на украинските и руските клубови и репрезентации кои учествуваат во нејзините натпреварувања ќе се играат на неутрални терени „до натамошно известување“.