Идиоти зад воланот: Погледнете го ова лудо возење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку двајца од видеото беа номинирани за титулата „идиот зад волан“ – возач кој намерно кочи на левата лента и тој зад него што прави уште повеќе глупости – претекнува на лентата за застанување, влегува во „ножици “ и ја губи контролата.

Loading...

– Да бидам јасен за коментарот на видеото, никому не посакувам зло. Полицаецот ми кажа дека момчето во хондата не е повредено. Ги снимив затоа што се надевав дека ќе налетаат на полициските камери кои беа малку подалеку – рекол авторот на видеото кое го фатило дивјачкото однесување на автопатот меѓу Њу Џерси и Њујорк.

Веќе на почетокот на снимањето беше јасно дека ова нема да заврши добро.

– Добро, време е за бес на патиштата. Погледнете го овој идиот. За малку ќе удрил во црн автомобил – коментирал авторот на видеото додека возачот на Хонда се обидувал да помине меѓу двата автомобили.

Возачот на Фордот намерно закочил, иако нема причина за тоа, додека возачот на Хондата зад него направил уште поголема глупост – претекнал на лентата за застанување, па влегол и изгубил контрола.

– Што правиш, човеку? Добро, многу убаво… Сега го добивте вашето – коментира авторот на видеото по падот на Хондата.

Видеото е прегледано повеќе од 300.000 пати.

 

Loading...