Досега 138 барања за субвенционирање комуналии на ранливите граѓани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 138 барања биле поднесени до Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита при Општина Куманово по основ за субвенционирање на комуналните трошоци во 2022 година.

Loading...

Како што информираше денеска раководителот на секторот, Александар Крстевски, право на субвенционирање може да оставарат лица кои имаат статус на самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, лица кои до 18 години имаат статус на деца без родители, надоместок поради попреченост, лица корисници на право на социјална помош за стари лица, корисници на гарантирана минимална помош.

– Роковите до поднесување е до 28ми. Досега имаме поднесено 138 барања од сите корисници на субвенционирање на комунални трошоци, изјави Крстевски.

Најголем дел од оние кои поднеле барања биле самохрани родители и стечајни работници, а досега не вклучувајќи ги корисниците на еднократна парична помош, барања поднеле 138 лица.

– Општина Куманово продолжува да се грижи за сите категории на граѓани, покривајќи и обезбедувајќи им потребни услови за секојдневно успешно функционирање во рамките на можностите на општината. Овогодишниот буџет на општина Куманово за субвенционирање на најзагрозените изнесува 13 милиони денари. Сите граѓани имаат право на пристоен живот и треба да донесеме поквалитетно секојдневние на граѓаните, изјави Крстевски.

Во текот на минатата година, како што појасни Крстевски, имало 366 корисници на субвенционирањата, но вклучително и еднократната парична помош, за што годинава сѐ уште не се поднесувани барања.

Надлежните очекуваат дека барањата овие години ќе бидат поголеми и веќе се работи да им се овозможи на граѓаните овие услуги да можат да ги завршат и преку електронски пат.

Никола Ивановски

Loading...