Се одржа 20та јубилејна „Пивтијада“ во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По повод големиот христијански празник Богојавление Водици, традиционално денеска во Куманово по 20 пат се одржа манифестацијата Пивтијада 2022, во организација на здружението на граѓани Мултимедијален центар „Карпино“.

Loading...

 

 

Почна со една чинија пивтии, а завршивме со една убава манифестација, вели Зоран Павловски од мултимедијалниот центар.

– Има над 15 учесници и го брендира градот Куманово како град каде пивтијата е на пиедесталот заедно со другите два производи, суџук и мезалк. Не успеавме да ги споиме у тридневна манифестација која би се викала „зимска шема“, но еве некоја нова генерација можеби тоа ќе го направи. Правевме пивтија за Гинис, „Самоилова“ и тогаш беше интересно што имаше една шега со професорот академик Витомир Митовски дека Самоил пред да иде во битки им давал вино и пивтии на своите војници, рече Павловски.

 

Loading...

 

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој рече дека празникот сплотува, а оваа манифестација се негува со години во градот.

– Јубилејот е голем, 20 години „Пивтијада“, а 30 години држава. „Пивтијадата“ е една традиција која се негува во Куманово и јас најпрвин сакам да се заблагодарам на Управниот одбор и на сите луѓе од Мултимедијалниот центар „Карпино“ кои се одважија да ја организираат оваа манифестација, а исто така и на сите учеснички на оваа манифестација, бидејќи исклучувајќи го Влајко, претежно се дами кои се натпреваруваат, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

 

Готвачот Влајче Петковски кој е дел од стручното жири со години наназад, се присети дека фестивалот има правено и пивтија за Гинис од 15 квадрати.

– Учесници многу со мерак ги прават пивтиите и многу се вкусни и направени естетски, јас сум им рекол да прават пивтија, а не ладна чинија, да не ставаат моркови, јајца, белки да прават декорации, само чиста пивтија, секоја година само тие сме ги наградувале. Оваа 20та година предложив на сите да им дадеме по една награда како учесници, но жири комисијата сепак зависи што ќе каже, вели тој.

Loading...

 

 

Според Петковски, пивтиите се најдобри кога има коски и опавче, уши, месо од глава, за да има желатин и да се вари на тивок огин за да водата остане бистра.

– Кога ќе се налие не се долева друга вода и се варат 7-8 часа да биде убаво, потоа се вади масностијата и се распоредува месото. За вкус се става лук и сол, се друго што ќе ставите добива друг вкус, вели тој.

 

 

Loading...

Петковски 40 години бил готвач и вели дека и ден денес не дозволува неговата сопруга да готви дома и покрај тоа што има 84 години.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Текст: Никола Ивановски / фото: Стефан Младеновски