На градскиот плоштад денеска се одржа кампања под насловот „Обои го светот во портокалова боја“, во знак на поддршка на жените жртви на семејно насилство.
кампањата е финансирана од УСАИД, а на градскиот плоштад се делеа флаери, мајци и шалови со портокалова боја, која е симбол на подобра иднина без наслов врз жените е поврзана со кампањата што се случува секоја година од 25 Ноември-Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените и 10 Декември-Меѓународен ден за човекови права.
Татјана Крстевска од здружението „Сирма“ вели дека според статистиката секоја трета жена во Република Македонија е жртва на семејно насилство.
Многу ми е мило што денеска и ние како граѓани на Куманово се собравме за да и дадеме поддршка на кампањата “Стоп за семејното насилство“ и ние велиме “не“ на семејното насилство. Здружение на жени “Сирма“ за прв пат оваа година соработува со Зонта и сме посебно почестени што можеме да се вклучиме во организација и да го дадеме својот мал придонес. За жал насилството не е намалено.
“Одзивот е прекрасен. Морам да кажам дека ние како организатори наидуваме на сè поголема и поголема поддршка. Автобусот од ден на ден ни е пополн и сè повеќе жени се одлучуваат да побараат помош“-вели Маргарита Иванова од Зонта клуб Скопје.
Целта е да ѝ се испрати порака на жената дека таа треба да проговори – вели Џејмс Стејн од УСАИД.
Ваквата акција со подршка од УСАИД се спроведува низ неколку градови низ Република Македонија, со цел да се поттикне свеста на населението.