Запечен компир со сланина: Ручек од соништата!

Сподели со своите пријатели

Ако немате идеја што да подготвите за ручек, еве еден предлог. Направете крцкави компири со сланина!

Loading...

Состојки:

пет поголеми компири

200 гр чадена сланина

половина лажичка лук во прав

две јајца

две лажици кисела павлака

100 гр тврдо сирење

Loading...

магодонос

сол, бибер

масло за јадење.

Компирот излупете го и исечете го на парчиња. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги компирите, па посолете и побиберете. Додадете лук во прав и промешајте.

Покријте ја тавата со фолија и печете 30 минути на 200 степени.

Во меѓувреме, чадената сланина исечкајте ја на ленти, па измешајте со изматените јајца и ренданото сирење.

Со смесата прелијте ги компирите и вратете ја во рерна да се пече уште 15 минути.

Посипете со ситно сечкан магдонос. Послужете топло со сезонска салата.

Loading...