ДЗС: Во Куманово за последното тромесечје се склопени 187 бракови, а 17 се разведени

Loading...
Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје  од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.3% и изнесува 6 081 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 0.5% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 4 514 лица, а од нив 41 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1 567 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од  бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 0.6 % во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 4 432 брака.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 19.0% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 482.

Според податоците на ДЗС, во Куманово во текот на третото тромесечје се регистрирани 353 новоредени деца, 221 лице починале во истиот период од кои две доенчиња, и забележан е природен прираст од 132 лица.
Во истиот период, склучени се 187 бракови, а 17 биле разведени.