Утринава нешто после полноќ е забележана експлозија на кровот на помошна зграда сместена во средишниот дел од полициска постава, а властите се сомневаат за нов терористички напад.
На полициската постава во местото Завидовиќи во Средна Босна во текот на ноќта е фрлена експлозивната направа, а се сомнева дека е во прашање нов терористички напад, потврдено е од полициски извор.
Од Министерството за внатрешни работи изјавиле дека истрагата целосно ја превземалот Обвинителството на БиХ кое има исклучителни овластувања во делови на тероризмот.
Постојат индикации дека во овој случај има елемени на казненото дело тероризам, па постапувањето во овој случај го презеде Обвинителството на БиХ, кое ќе ја води понатамошната истрата и под чија надлежност е формирам заеднички тим на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), Федералната управа на полицијата, како и Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојската жупанија кои ќе работат на собирање оперативни сознанија, идентификација и лоцирање на сторителите – стои во соопштението од тамошното МВР.
Нема повредени во експлозијата, а причината е материјална штета чии размери се ушт се утврдуваат.
Минатата недела терористички напад се случи во Сараево кога радикалниот исламист Енес Омерагиќ уби двајца припадници од оружените сили на БиХ, додека трет војник беше ранет.