Претседателот на Русија, Владимир Путин има проценета вредност на својот имот од 70 милијарди долари.
Во периодот од 1999 до 2000 годна, Путин беше руски премиер, за да година дена подоцна стане претседател. Во 2008 година на тоа место го замени Димитриј медведев, кој Путин повторно го постави на местото премиер, за да во 2012 година, Путин повторно ја добие титулата претседател на Русија.
Под неговото водство, Путин ги намали порезите, воведе нови закони и уште многу други работи, а познат е и како личност која ја подржува нуклеарната индустрија.
Владимир Владимирович путин е роден на 7-ми откомври 1952 година во Ленинград, каде го стекнал своето образование. од 1983 година тој е оженет со Људмила Путин, а има и две деца Јекатерина и Марија.
Во 2011 година, опкружен од новинарите, Путин излегува од матните води на Црно Море, прекриен со остатоци од античко богатсво, што секако е ПР трик кој ја постигнува својата цел – Путин е претставен како силна личност, џудо мајстор, љубител на животни и недопирлив владете на Русија.
Но, се појави и уште еден ПР трик, тој спонтано подарува часовник од 10.000 евра на мало момче од село, што доведува до прашањето, дали ПУтин некаде има скриено богатство?
Како политичар со пријавена заработка во висина од 140 илјади долари, дали тој може да живее живот исполен со луксузни часовници и палати?
Се на се, Владимир Путин, живее вистински живот на руски цар и поседува бројни богатства, а ова се некои од нив.
Часовници:
Убавиот часовник е една од бројните луксузни погодности кои многумина не можат да си го допуштат. Но, кога има многу пари, скапоцен часовник е првото нешто што ќе си го купите. Путин има најскапа колекција на часовници, кога гледаме како на политички лидер. Барак Обама и Франсоа Оланд имаат часовници кои се вредни и помалку од 200 долари, но Путин има колекција и со вредност до 750.000 долари. Најскапото парче од неговата колекција е изданието „Lange & Sohne“, кое е прекриено со кристално стакло и има златни стрелки, кои чинат половина милион долари.
Јахте
Поголемиот дел од нас би биле среќни кога би поседувале барем една јахта во текот на животот. Но, за Владимир Путин, една јахта не е доволна. Тој има флота која се состои од четири јахти, стратегиски распоредени во неговата земја. Наводно, една јахта ја добил како подарок од најбогатиот Русин, што го поставува прашањето што тој има направено за него, за да добие таков скапоцен подарок како израз на благодарност. Неговата најпозната јахта чини околу 37 милиони долари, а има професионално дизајниран ентериер, вински подрум исполтен со ексклузивни изданија на вина и базен со водопад.
Автомобили
Владимир Путин од секогаш ги обожавал автомобилите. Првиот автомобил кој го добил на подарок од својата мајка, таа го освоила на лотарија. Тогаш тој бил на третата година од студиите. Кога пораснал, тој надокнадил се што му недостасувало во младоста, затоа што сепак е најмоќниот човек во светот. Колку автомобили поседува? Најновиот попис на автомобилската флота брои околу 700 автомобили. Тој дури на располагање има и автомобил од Фурмла 1, а вели дека омилени му се оние направени во Русија. Најскапиот автомобил од неговата флота е специфичната лимузина, дизајнирана специјално за него.
Авиони
Во ретки прилики, некој од нас може да оди со приватен авион, обично до некоја одалечена локација за огромна сума на пари. За Путин, приватните авиони се секојдневна работа. Покрај претседателскиот авион, Путиновата екстраваганција оди многу подалеку. Тој изгледа сака да поседува авион од секоја величина, кои секојдневно ќе му бидат на располагање. Поседува 43 авиони, чија вредност е проценета на милијарда долари.
Тоалет
Клучен елемент во луксузот на Путин е тоа што неговиот авион има тоалет од 75 илјади долари. Тоа веројатно на најдобар начин ја покажува неговата потрошувачка навина и дава доволно причини за внимание на медиумите.
Палати
Тој поседува 20 масивни земјишта во целата земја, кои вредат околу милијарда долари. Сите негови палати се луксузни и со висок квалилтет, а најимпресивна е структурата во италијански стил која вреди околу милијарда долари. Овој проект беше обвиен во тајни, така да медиумите немаат пристап до него.
Хеликоптери
По 43-те авиони, дали некогаш би ви текнало да купувате хеликоптер? Па, на Путин му текнало. Неговата флота на хеликоптери е наоружана до заби, за секој случај, ако некој случајно се сети да го нападне. Путин сепак е малку под Барак Обама што се однесува до хеликоптерите – Обама има флота вредна 20 милијарди долари. Сепак, кога ќе ги преброите автомобилите и авионите, хеликоптерите делуваат како вишок. Најимпресивен хеликоптер од неговата флота е МИ-8 во потполност прилагоден на неговите желби, безбедност и комфор.
Дегустатор
Владимир Путин е нешто како антички владетел – има доволно моќ да владее со половина планета. Тој самиот себе се смета за крал, затоа што има член на персоналот задолжен за дегустација на сите оброци. Поради можноста да биде отруен, Путин одлучил да се осигура на најдобар начин. Иако никогаш не би помислиле дека во денешно време постои вакво работно место, сепак дегустаторот на Путин работи по цел ден.