Заев: На првата седница на Централниот одбор, Димитриевски ќе биде исклучен од партијата

Сподели со своите пријатели

Определбата на актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и прерано да го напушти процесот на селекција на кандидатите за претстојните локални избори согласно сите истражувања што ги правевме е негова лична одлука и со таа лична одлука тој ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ, порача денеска премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Loading...

-Статутот на СДСМ водејќи се со сите демократски определби ја направил јасната дистинкција на разграничување. Кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ, тоа е опишано на неколку начини како тоа го правите, а еден од тие е токму тоа – истапувате од СДСМ и одите како независен кандидат. Максим Димитриевски се одлучи за тоа. Тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим. На СДСМ му остана само на првиот Централен одбор да го констатира тоа што Максим Димитриевски го направи, односно тоа е исклучувањето од СДСМ, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешната промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

Тој посочи дека статутот е устав во СДСМ, најважниот и највисок документ по којшто работат и е израз на максимална демократска процедура во партијата.

 

Димитриевски: Како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор?