Фудбалскиот клуб Биџо од Куманово, генерација У11 за прв пат учествуваа на IX Меѓународен турнир Златибор при што го освоија првото место.
Loading...
Станува збор за спортисти родени 2010 година кои на турнирот организиран од ФК Црвена Ѕвезда Ужице брилираа со својот талент.
Loading...
Силите ги одмерија фудбалери и фудбалерки од 7 до 13-годишна возраст поделени во над 140 екипи во седум категории.
Во категоријата 2010 У11 екипата на Биџо го освои првото место во борба со 26 екипи од целиот Балкан.
Loading...
Екипата прикажа интересна игра и борбен дух и заслужено го освои првото место со еден нерешен меч и седум победи.
Loading...
Loading...
Никола Ивановски
Loading...