Артилериски гранати пронајдени во Агино село

Сподели со своите пријатели

Артилериски гранати кои потекнуваат од Втората светска војна биле пронајдени од страна на земјоделец додека извршувал активности во атарот на Агино село.

Loading...

– На 10.04.2021 во 16.30 часот во СВР Куманово, Б.С.(46) од с.Агино село, кумановско, пријавил дека при вршење земјоделски работи на негова нива во место викано „Прогон“, во атар на Агино село, пронашол две стари неексплодирани артилериски гранати 75 мм од Втората светска војна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово, а гранатите се безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предадени за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply