Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб, до умерен ветер од север, односно северозапад.
Минималната температура ќе изнесува околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 12 степени целзиусови.
До четврток ќе преовладува сончево време.
Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.
Никола Ивановски