Булдогот Халези имаше слатка реакција на сцена од филм во кој една од актерките се најде во неволја, а целата ситуација е забележана со камера.
На видеото објавено на Јутјуб, може да се види Халеси како седи пред телевизорот, вперен во екранот и напнато гледајќи сцена од Кинг Конг во која диносаурус го напаѓа главниот лик Ен Дароу, која ја игра Наоми Вотс.
Конг тогаш и помогнал и започнала епска борба, на која не останал имун ниту Халеси. Почна да лае возбудено и стигна до работ на креветот на кој седеше.
Видеото од неговата реакција е прегледано повеќе од 27 милиони пати на Јутјуб, а бројни коментатори напишаа дека сцената ги насмеа.
„Од оваа причина, кучињата не смеат да влегуваат во кино“, се пошегува еден од корисниците.