Оксфордската вакцина против коронавирусот го стимулира производството на антитела и силниот одговор на Т-клетките на патогените микроорганизми, а најдобриот имунолошки ефект се постигнува кога ќе се инјектираат две дози на вакцината, соопшти денеска овој британски универзитет.
Вакцината „го стимулира производството на антитела и функцијата на Т-клетките“, соопшти универзитетот, откако беа објавени студии од фазите еден и два од клиничките испитувања, јавуваат британските медиуми.
“Две дози од вакцината покажаа дека одговорот на антителата е многу посилен отколку кога се инјектира единечна доза. Значи, вакцината е најефикасна кога се даваат стандардните две дози на вакцината”, се додава во соопштението на универзитетот.
Сашко Димевски