Куманово со три странски засилувања во пресрет на денешниот БИБЛ натпревар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово се засили со тројца странски играчи во пресрет на денешниот прв натпревар во балканската БИБЛ лига.

Loading...

Станува збор за 23-годишниот Американец Лавејн Грант висок 180 сантиметри, како и бугарскиот интернационалец Георги Бојанов, кој има 27 години и е висок 201 сантиметар. Старо-нов играч е српскиот кошаркар Јован Црниќ роден 1994 година во Ниш, висок е 201 сантиметар и игра на плејмеркерската позиција.

Грант, Бојанов и Црниќ доаѓаат на местата на Американците Џош Селби и Хулио Гуити.

Гуити бил отпуштен бидејќи не го дал потребниот максимум, додека Селби поради два смртни случаи во потесниот круг на семејството заминал во САД, но постојат шанси да се врати на почетокот на 2021 година.

Инаку Куманово вечерва го игра првиот меч во БИБЛ лигата против вториот македонски претставник ТФТ. На домашен терен, а пред празни трибини поради мерките за зашита од коронавирусот, вечерва мечот стартува во 19 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply