Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, на својата официјална веб-страница објави продолжување на договорите со четворица играчи.
Новите договори ги потпишаа: голманот Марк-Андре тер Штеген (до 30 јуни 2025 година), дефанзивците Жерар Пике (до 30 јуни 2024 година) и Клеман Лангле (до 30 јуни 2026 година) како и играчот за врска Френки де Јонг (до 30 јуни 2026 година).
Во договорите на Тер Штеген и Пике обесштетувањето за предвремен раскин на договорот е ставено на 500 милиони евра, кај Де Јонг 400, додека за Лангле изнесува 300 милиони евра.
Каталонскиот клуб договорите со играчите ги потпиша во време на финансиска криза и во период кога упати барање до тимот да се изјасни за намалување на платите.
Зоран Стерјовски