Градот Cap d’Agde се наоѓа на југот на Франција и важи за едно сосема нормално и функционално место. Меѓутоа, тој е карактеристичен по своите голи жители, чиј број во текот на летото достигнува и 40.000.
Свингерите и луѓето си послободни сфаќања од цела Европа доаѓаат на оваа место, за да учествуваат во она што тие го нарекуваат совршена„сексуална социјал-демократија“.
Вакво нешто не постои никаде во светот. Во сите останати случаи, вакви одморалишта се исклучени од градскиот живот. Минхер има отворено шест „голи“ градски зони, но сите се во осамени области. Дури и Сан Франциско во 2012 година одлучи да воведе забрана за нудизмот во јавноста, освен во рамките на посебни манифестации.
На оваа место во 1958 година постоел мал нудистички камп, но во средината на 60-те, Шарл Де Гол ја покренал мисијата „Расин“ чија цел била да се развие туризмот. На почетокот немало планови за натуризам, но сепак дошло до промени. Натуристичките села израснале од локалните мочуришта во текот на седумдесетитте години.
Слободата во оваа место е загарантирана, а фотографирањето строго забрането, додека новинарите не се најпосакуваните личности во овој град кој денес економски зависи од „напалените придојденици“.