Како да се справите со подуениот стомак?

Сподели со своите пријатели

Надуеноста е прилично непријатно чувство, кое за жал може да се случи и надвор од оние „женски денови”. Тоа се должи на различни фактори и навики кои без да сфаќате ви го отежнуваат варењето.

Loading...

Еве 6 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да го опоравите подуениот стомак:

  1. Ограничете ги производите со шеќер

Ако се храните поздраво и ги отстраните од менито бонбоните, газираните пијалаци и други слатки и не особено корисна храна која содржи вештачки засладувачи како сорбитол и аспартам, може да се намалат случаите и степенот на надуеност. Вештачките засладувачи го дразнат стомакот, бидејќи овие додатоци не можат да бидат искористени од организмот. Фруктозата исто секогаш се апсорбира правилно и добро од стомакот и затоа и таа може да се претвори во проблем, иако е природен шеќер.

  1. Јадете бавно

И што е најважно – џвакајте! Кога брзате при јадење голтате и многу воздух, кој е предуслов за формирање на гасови. Ако не ја џвакате добро храната, таа спаѓа во стомакот на големи парчиња и се разградува и преработува доста потешко, што исто така води до отекување и непријатни грчеви.

  1. Не консумирајте само сурово и зеленчук

Да, тие се многу корисни и содржат ензими, но исто така и иритирачки материи за желудникот, како рафиноза и скроб. Суровите зеленчуци содржат и доста целулоза која се апсорбира потешко од телото. Не исклучувајте го зеленчукот од менито, но подобро гответе ги  главно на пареа, варете ги или печете ги.

  1. Не се стресувајте

Стресот доведува до промена на балансот на хормоните што веднаш се одразува на функциите на органите и системите во телото. Стресот може да биде почувствуван и физички како стегање и болка во долниот дел на стомакот. Ова го спречува дигестивниот систем и храната не може да биде разграден. Кога сте под стрес, прошетајте се, за да ги раздвижите меурчињата воздух кои се формирале во стомакот.

  1. Спортувајте

Некои вежби докажано го ублажуваат подуениот стомак и дури и болки во стомакот.

  1. Испитувајте се

Хроничниот оток и гасови може да бидат предизвикани од интолеранција на лактоза или фруктоза. Тоа е чувствителност на шеќерите, кои се наоѓаат во млекото и млечните производи или кон оние во плодовите. Важно е да се утврди дали случајно немате таков, за да знаете која храна да ја исклучите од режимот.

Loading...

Leave a Reply