Причини да конзумираме кромид секој ден

Сподели со своите пријатели

Зеленчукот и зачините од семејството на кромидот имаат магични придобивки за здравјето и организмот. Сите тие поседуваат својства кои ги подобруваат функциите на одделни органи и системи и ја прават нивната работа полесна и квалитетна.

Loading...

Во кромидот се содржат флавоноиди, кои се борат со воспаленијата, слободните радикали и клиничките процеси во клетките.

Кои материи ги содржи кромидот?

Тој е исклучително богат со витамин Ц, фолати, калиум, манган, влакна, витамин Б6 (фолна киселина).

За што помага кромидот?

Според истражувањата кромидот помага при некои навистина сериозни заболувања, што го прави задолжителен дел од менито. Не го превидувајте, бидејќи тој може да ја подобри здравствената состојба.

Го намалува ризикот од дијабетес

Во кромидот се содржат влакна кои го регулираат метаболизмот и го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Биотинот во кромидот има такво дејство. Тој може да ги имобилизира процесите на преддијабет, како и да ја подобри состојбата кај оние со дијабетес тип 2 и инсулинска резистенција.

Loading...

Се бори со туморските процеси

Концентрираниот екстракт од кромид содржи мноштво сулфиди, кои ги напаѓаат директно канцерогените клетки и слободните радикали кои ги предизвикуваат. Истражувања во областа покажуваат дека кромидот е многу ефикасен конкретно против рак на желудникот , устата, дебелото црево, гркланот, хранопроводот, јајниците.

 

 

Го зголемува имунитетот

Кромидот содржи полифеноли, кои му помагаат на имунолошкиот систем да работи добро. Тие го чуваат телото од штетното дејство на слободните радикали, кои се мешаат во работата на имунолошкиот систем. Селенот во кромидот исто ги стимулира заштитните механизми на организмот.

Го намалува холестеролот

Loading...

Секојдневната консумација на половина глава кромид или целиот страк свеж кромид помага за намалување на лошиот холестерол и подобрување на работата на циркулаторниот систем. Ова го покажуваат истражувања спроведени на Универзитетот во Хонгконг.

Ги ублажува болки во ушите

При воспаление на ушите може да се примени свежо исцеден сок од кромид. Благо  загрејте го пред да го аплицирате со помош на пипета.

Силен против забни проблеми

Забните инфекции, кариес и воспалените непца се погубни за здравјето на усната шуплина. Консумирањето на свеж кромид сепак се бори со патолошките бактерии во усната шуплина, ги неутрализира и штити од оштетување на забите и непцата. Анулирајте го лошиот здив на кромид и јадете госекој ден.

Ја подобрува дигестивната функција

Влакната во кромидот ја прават обработката на храната во цревата полесна. Тој штити од појава на гасови и надуеност.

Делува како афродизијак

Loading...

Кромидот е вистински афродизијак, ако не се плашите од мирисот на кромид или лук во здивот. Соединенијата во него ја подобруваат циркулацијата и ја стимулираат возбудливоста на нервните завршетоци.

Ефикасен против опаѓање на косата

Сулфурот во кромидот и лукот не само што се бори против опаѓањето, но и го стимулира растот на косата. Таа е корисен и за самиот скалп, бидејќи ги инхибира микроорганизмите кои предизвикуваат првут и јадеж.

Leave a Reply