Маската, чијашто цена е 250.000 долари или 212.215 евра, денес ја претстави познатата продавница за накит „Jacob & Co“.
Маската е обложена со дијаманти и бело злато на таков начин што остава впечаток на вистинска ткаенина.
На неа се потрошени 3.040 дијаманти со вкупно 73,27 карати. Дизајнирана е од основачот на компанијата во Њујорк, Џејкоб Арабо, со помош на тим на златари.
Тежи 156,9 грама. Треба да се носи преку заштитната маска.
Иако првично беше дизајнирано само едно парче, компанијата сега прифаќа нарачки.
Директорот на компанијата, Кит Страндберг, вели дека овој златар е познат по тоа што им дава нов живот на секојдневните работи, од кравати и ракавици, до фустани и долна облека.
Сега кога сите, насекаде низ светот, мора да се носат маски, Џејкоб Арабо реши да и даде малку сјај и елеганција на оваа сега задолжителна ставка.