Православните верници денес го чествуваат Успението на Пресвета Богородица

Сподели со своите пријатели

Православните верници денес го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Loading...

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.

ikona, bogorodica, hrist

Во историските наоди се наведува дека иако Епифаниј од Саламис во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на Марија, барем од V век постојат наводи за успението на Марија.

Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес, во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим.

Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото.

Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.

Успението на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото.

Loading...

Богородица се смета за заштитничка на жената, на родилките и за неа се врзани разни народни верувања според иконите на кои е претставена. Се верува дека таа живеела 60, односно 72 години според други сознанија.

Верувањата велат дека тревките набрани на овој ден имаат исклучително лековити својства.