Доколку сте љубител на кафето за вас имаме рецепт за вкусен и освежувачки десерт со моќниот вкус на кафето.
Состојки:
300 милилитри свежо подготвено и разладено кафе, 150 грама индиски ореви, 200 милилитри кокосово млеко, една лажица какао во прав, една лажица јоворов сируп или мед, 2 лажици екстракт од ванила, малку сол, чоколадо за готвење и една лажица кокосово масло.
Начин на подготовка:
Пред да започнете да го подготвувате сладоледот, ставете ги индиските ореви во зовриена вода и оставете да остојат 3-4 часа, се додека не омекнат. Пред употреба исцедете ја водата и измијте ги. Ставете го кафето во блендер и додадете ги индиските ореви, кокосовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, ванилата и солта.
Миксирајте се додека не добиете густа смеса, која потоа ќе ја сипете во капсули за сладолед. По час време, додадете дрвено стапче и оставете ги какапите да се замрзнат. Пред сервирање, растопете чоколадо за готвење со кокосово масло. Ког аќе го извадите сладоледот од калапот, потопете во растопеното чоколадо и сипете парчиња чоколадо и кокос.