Уништени тукушто поставените летниковци на локалитетот Студена вода во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Непознат(и) сторител(и) почнале да ги уништуваат тукушто поставените летниковци на локалитетот Студена вода, кумановско, кој интензивно се уредува во последниот период.

Loading...

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на социјалните мрежи сподели фотографии од урбаната опрема, кој го осуди вандалскиот чин и најави дека ќе биде поднесена пријава против непознат сторител.

 

 

– Најостро го осудувам вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема која е во фаза на градба на локалитетот Студена Вода во село Доброшане. На оваа локација која има историско значење за нашиот град и држава од периодот на НОБ. Општината гради викенд населба која треба да биде во функција на граѓаните за дневни прошетки и викенд дружби. Ќе следува пријава против НН сторител, доколку некој граѓанин има сознание за овој вандалски чин го молам да пријави во општината и СВР Куманово, напиша Димитриевски.

 

Loading...

 

Тој апелира граѓаните да го пазат и да не го уништуваат заедничкиот имот, а МВР да ги пронајде сторителите на овој вандалски чин.

 

 

Местото се наоѓа во близина на селото Доброшане во Куманово и изминатиов период се уредува и локацијата и пристапниот пат кој води до излетничкото место со средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Општина Куманово. Локалитетот партерно ќе биде уреден, предвидено е да има места за одмор, детски катчиња, реквизити за спорт, корпи за отпадоци, стражарска служба.

МИА

Leave a Reply