Од неодамна, на интернет кружи проштално писмо кое наводно го оставил еден обичен маж, за да писмото подоцна стане вистински хит на социјалните мрежи.
Имено, маж одлучил да провери дали неговата жена го сака и и` напишал прошатлно писмо во кое наводно, тој навел дека ја остава од неколку причини. Го оставил писмото на стол и се сокрил под кревет, исчекувајќи ја својата сопруга.
Разбрал дека постапува малку детинесто и глупо, но морал да дознае што неговата сопруга чувствува за него. Се понадевал дека ќе види изненадено лице, ја замислувал како плаче, целата потресена, во обид да дознае од пријателите зошто ја остава нејзиниот маж.
Кога конечно се вратила дома, жената го пронашла оставеното писмо и го прочитала. Земала пенкало и почнала да пишува.
После тоа, се пресоблекла пеејќи си песна, и играјќи во нејзин ритам. По однесувањето, можело да се каже дека е среќна, а не вознемирена и жална како што очекувал мажот и`.
Мажот бил шокиран. Тоа што следело потоа било уште пошокантно.
Жената го земала телефонот и повикала еден број.
– Еј, љубов. Спремна сум, доаѓам наскоро. Што се однесува до онаа будала, се отарасив од него, конечно. Тој замина. И како ли само можев воопшто да се омажам за него? Жал ми е што не сме се сретнале порано. Да, да… Еве ме, пристигнувам за кој момент.
Ја прекинала врската и излегла од станот.
Мажот слушнал како треснала влезната врата и помислил – таа замина. Разочаран, фрустриран, со солзи во очите, се извлекол од под креветот каде се сокрил за да ја види реакцијата на сопругата, го земал писмото и прочитал:
– “Ги видов твоите нозе под креветот. Отидов во продавница да купам леб”.