Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Теарце, Желино, Брвеница и Јегуновце влегуваат во полициски час кој ќе започне од утре (четврток) во 21 часот и ќе трае до понеделник до 05 часот.
Одлуката ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
– Заради спречувањена ширење на вирусот во критични региони и надвор од нив Владата донесе одлука за враќање на полициски час и рестрикции односно се воведува целосна забрана на движење на сите граѓани на Скопје со сите општини, Куманово, Липково, Штип Тетово, Боговиње, Теарце, Желино и Јегуновце од четврток од 21 часот до понеделник 8 јуни 5 часот наутро, изјави Филипче.
За сите останати општини, полицискиот час утре ќе започне во 21 часот и ќе трае до петок во 05 часот. Во петок, сабота и недела полицискиот час во останатите општини ќе трае од 20 часот до 05 часот следниот ден.
Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
Никола Ивановски