Без оглед на временските услови на некоу луѓе постојано им е студено и не излегуваат од дома без топол џемпер, дури и кога надворешната температура е во дебел плус.
Експертите тврдат дека недостатокот на железо е една од најчестите причини за хронично чувство на студенило, затоа што овој минерал помага на црвените крвни зрнца да донесат кислород во клетките кој инаку го користат за производство на енергија. Доколку клетките не произведуваат доволно енергија, терморегулацискиот систем не може доволно да се „загрее“, поради што се јавува чувство на студ дури и кога е топло време, истакнува американскиот експерт др. Џејкоб Тејтелбаум.
Хоби кое го намалува стресот, дури и лекарите го препорачуваат како терапија
За да бидете сигурни дека причината е недостаток на железо, треба да го проверите присуството на феритин во крвта, протеин со кој се складира железото.
Доколку патите од недостаток на овој важен минерал, јадете често црвено месо од животни кои пасат или се товат со природна храна, потоа џигери, школки, спанаќ, јајца, грав и леќа. Се препорачуваат исто така и суплементите.