Денеска напладне аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, Србија се затвора за меѓународен сообраќај, пишува Танјуг.
Претседателот на државата, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, размислуваат и за затворање на границите за патнички сообраќај.
Министерот Небојша Стефановиќ, говорејќи на утринската програма на Првата телевизија, рече дека овие мерки ќе бидат разгледани денес и додаде дека на аеродромот во престолнината ќе може да се слета само со специјална дозвола на српската влада.
Во Кина не е регистриран нов случај на коронавирус, прв пат од избувнувањето
Тој прецизираше дека е можно да слетуваат авиони кои превезуваат експерти, што може да и помогнат на земјата.
„Сите апели што ги пуштивме не вродија со плод, над 70.000 луѓе успеале да влезат во Србија во последните три, четири дена и да ја ризикуваат безбедноста на српските граѓани“, рече тој, додавајќи дека работата на полицијата да следи дали луѓето ги почитуваат мерките за изолација и тешка.