Продолжува изградбата на спортската сала во средното кумановско техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи објави дека почна поставувањето на санитарни јазли, греење, атмосферски и фекален одвод, подготвителни работи за поставување на под во салата.
Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Според најавите, до крајот на ова учебна година, се очекува учениците од средното училиште да ја користат салата во чија близна се наоѓа и атлетското игралиште. Приближно 2.000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и албански наставен јазик од ова средно училиште, првпат по шест децении. ќе добијат спортска сала.

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкезe.
МИА