НЕМА ЗАБАВА ЗА ВОЗРАСНИ: Затворена улицата на „Црвените фенери“ во Амстердам

Сподели со своите пријатели

Клубовите за возрасни во улицата на „Црвени фенери“ во Амстердам ќе бидат затворени како начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

Loading...

Холандската влада им нареди на сите ресторани, кафулиња и училишта да бидат затворени до 6 април, пренесува Ројтерс.

Им било кажано на персоналот на баровите да престанат да служат пијалаци по 18 часот.

Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите

Овие мерки ги вклучуваат и добро познатите холандски кафулиња кои продаваат марихуана и клубови за возрасни, изјави министерот за здравство Ари Слоб.

Патем, улицата на „Црвените фенери“ привлекува милиони посетители за својот еротски танц, каде „продавачките на љубов“ позираат во долна облека зад прозорците со стакло осветлени со црвено светло.

Leave a Reply