Едно лице од Куманово е меѓу седумте нови лица кои денеска се тестираат на присуство на коронавирусот.
Лицето заедно со граѓани на Штип, Тетово и Охрид имале престој во Швајцарија, Германија и Австрија. Тие, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, неколку дена по враќањето развиле висока температура и сега се во одделите за изолација.
Нивните резултати ќе бидат готови во текот на денот.
– Од Охрид има еден пациент и две родилки кои вчера се донесени од Дебар, едната е во болницата во Охрид, другата е тука во Скопје, тие се во оддел за изолација, во стабилна состојба, не се непосредно пред породување, но ги донесовме тука да се направат тестови, изјави министерот Филипче.
Сите 13 пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести, освен првата која утре ќе биде испишана на домашно лекување, се во стабилна состојба, вели Филипче, идентична е на таа од вчера, само првата пациентка од Дебар е на респираторна машина со значително подобрување на параметрите по приклучување на вентилацијата, но со непредвидлива прогноза, затоа што непредвидливо доаѓаат компликациите во лекувањето. Сите други се со лесна клиничка слика и 15-годишниот пациент и сите во одел за изолација.
Никола Ивановски