Дваесет и тригодишен кумановец заработи кривична пријава поради поседување марихуана.
Loading...
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 15.11.2019 на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.
Никола Ивановски