Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” денес ја продолжи соработката со 31-годишниот плејмејкер Димитар Караџовски, информираше управата на клубот.
Минатата сезона, Караџовски ја помина во екипата на Кожув каде што за 28. мечеви во Првата лига имаше просек од 11.1 поени, 2.9 скокови и 4.0 асистенции, а во 16. средби од Балканската лига (БИБЛ) забележа 8.4 поени, 1.8 скок и 2.4 асистенции.
Пред две години ја претставуваше македонската репрезентација на Медитеранските игри во Мерсин (Турција).
Во својата кариера играше уште за исландските Скалагримур и Стјарнан, бугарскиот Рилски, и за МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и Торус Скопје.
Караџовски започна со своите настапи за КК Куманово во февруари оваа година.