Традиционалното запросување се спроведува така што мажот клекнува на колено и на жената и подарува прстен. Но, како всушност дошло до тоа партнерот да треба да се спушти на колена?
За жал, не постојат потврдени теоретски извори за овој романтичен гест, но постојат неколку теории за кои се верува дека се точни.
Зошто мажите сакаат помалку интелигентни жени?
Во средниот век витештвото се уште не било мртво и формалниот начин за додворување било верзија на денешните врски. Клекнувањето исто така било протокол за многу церемонијални ритуали и обреди, вклучувајќи ги и тие од романтичен вид.
Средновековните уметнички дела и литературата ги покажуваат витезите со свиткани колена пред нивните владетели во знак на чест и почит, или како клечат пред принцези и кралици да го изразат своето вечно ропство и воодушевување.
Мажите кои пијат алкохол се попривлечни, а еве и зошто
Исто така, ваков пристап може да се најде и во религијата. Во многу религии, тие кои веруваат клекнуваат на колена да го искажат своето воодушевување и понизност пред Бога.
Затоа, кога велите на својот избраник „да” во исто време тој ви пружа чест, почит и многу љубов.