Само на територијата на САД има над 190 познати раси кучиња, додека тој број за мачките изнесува 42.
– Постојат неколку причини за тоа. Кучињата поради својата корисност во историјата биле ценети многу повеќе од мачките. Ги штителе луѓето и им помагале во работата, вели Каролин Вела, поранешен член на американското Здружение на љубители на мачки.
Дали кучето смее да јаде леб, риба или ореви?
Арехолошките ископувања покажуваат дека врската на човкот и кучето е прилично долга. Судејќи според скелетите пронајдени во Русија, припитомувањето на куињата започнале уште пред најмалку 19.000 години.
Сопствениците со време со селективно вкрстување на кучињата буквално ги преобликувале според своите потреби.
Со оглед на тоа дека мачките носат помалку корист од кучињата (иако се поефикасни во исчестувањето од глодари и прилично го намалуваат нивото на стрес на своите сопственици), тие се претежно за да бидат обожавани.
Холандија стана првата држава без кучиња скитници, а еве како го реши проблемот
На прашањето дали во иднина мачките ќе бидат поразновидни од денес, Вела одговара дека најверојатно нема.
– Екстремногто одгледување на кучињата довело дор азни деформации кај овие животни, вклучувајќи зголомена наклонесто кон бројни здравствени компликации. Од таа причина најдобро би било мачките да останат онакви какви што се, додава Вела.