Жителите на еден мал град во Вермонт избираат нов градоначалник!
Од 2019 година, официјализирано е дека животните можат да ја заземат оваа позиција.
НЕ НАПРАВИЛ ПАТИШТА: Го врзале градоначалникот за камион и го влечеле по улица (ВИДЕО)
На функцијата градоначалник на Фер Хавен моментно е тригодишна коза Линколн, а сега на изборите ќе има конкуренција од две кучиња, пренесува Си-Ен-Ен.
Наместо коза, градскиот менаџер се справува со работата на градот и таа беше избрана за оваа функција да помогне во собирањето средства за изградба на училишно игралиште.
„Потребно е да се вложат пет долари за вашето домашно милениче да се кандидира за градоначалник. Секој жител на Фер Хан може да предложи свој миленик. На денот на изборите, ние бараме од гласачите донации, но тие не мораат да ги даваат, а со секоја донација, ние сме малку поблиску до целта” рече градскиот менаџер.
Случајно дознал дека жената го изневерува со градоначалникот (ВИДЕО)
Нивната цел е да соберат 80.000 долари, а полицискиот началник Бил Хамфрис се надева дека нивното полициско куче Сами ќе помогне во собирањето средства преку неговата кандидатура.
„Линколн направи одлична работа. Таа ја претставуваше добро заедницата, па затоа мислевме дека е добра идеја да ја предизвикаме да се кандидира повторно оваа година за да видиме дали можеме да ја победиме”, рече Хемфрис.
Во овој град живее само една личност, таа е градоначалник и се останато (ФОТО)
Другиот кандидат е кучето Марфи, тригодишно, и тој е тераписко куче кое посетува старечки домови, локална болница и средно училиште, каде што помогна да се започне програмата „Читање со кучиња“.
„Марфи смета дека читањето е многу важно, но и дека играњето надвор е задолжително. Доколку биде избран за градоначалник, тој ќе работи напорно за да го обезбеди најдоброто игралиште за децата на ова место“. рече нејзиниот сопственик, Линда Баркер.