Почна изградбата на паркинг за хаварисани возила во кумановско (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на паркинг простор наменет за хаварисани возила во близина на добиточниот пазар во село Долно Којнаре.

Дел од просторот ќе се користи за вакви возила, дел за паркирање на посетителите на сточниот пазар.

Иницијативата за изградбата е на јавното претпријатие „Пазаришта“ од Куманово,а се спроведува со поддршка на општина Куманово и донатори.

-Одвоени се скромни средства на јавното претпријатие и со поддршка на донатори, не верувам дека изградбата  ќе ја надмине границата од пет илјади евра. Најголем дел од реализацијата е завршен со донација на комапнии кои ја тампонираа подлогата, оградувањето го изврши јавното претпријатие „Пазаришта“-изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Според планираното се очекува да има 80 паркинг места од кои дел ќе се користат за дислокација на хаварисаните возила од градот, останатите паркинг места ќе се користат за посетителите на пазарните денови на добиточниот пазар.

Засега на овој простор сместени се времените објекти кои изминатиов период беа отстранети од различни локации од Куманово.

Leave a Reply