Постојат неколку причини поради кои сексот во автомобил е многу лош избор.
1. Страдаат колената
Било која поза во автомобил знае за еден непријател, а тоа е грубиот материјал со кој се превслечени седиштата. Тој материјал е непријател на вашата кожа. Од триењето, може да дојде до непријатни гребнатини, а тука највеќе страдаат колената. Можете да се обидете да останете облечени, но и тоа не е воопшто едноставно.
2. Воздух
Не е добро да се седи, ниту пак да се работи било што друго додека е вклучена климата. Така навлегува јаглероден моноксид, кој може да биде токсичен. Истото важи и за вклучено греење, па едиствена алтернатива е да немаате ниту греење, ниту ладење. Отворање на прозор не е добра идеја поради звуците, па постои голема веројатност дека ќе ви стане многу загушливо.
3. Проклет менувач
Додека сте во наплив на емоции и нагон, не може а да не се набодете на менувачот. Тие што се имаат набодено, знаат што е болка. А да не зборуваме за непријатната ситуација кога насред акција, ќе одекне свирката, бидејќи вие сосема случајно се имате наслонето на воланот.
4. Разни пози
Преместување од едно на друго седиште, пронаоѓање на поза во која и двајцата нема да се прерипувате, со обавезен коментар ”леле, пази, ми ја кубеш косата”, со удари по колената тук – таму… Јасно вие зошто атмосферата во автомобил едноставно не води кон опуштен и спонтан секс, туку кон вистинска драматургија.
5. Избор на локација
Е тоа е веќе комплицирано – мора да најдете место кое е добро скриено од јавноста, вовлечено каде што никој нема да ве најде. Ако живеете во град, таквите места ви се веројатно веќе познати, и голема е веројатноста дека таму веќе се води некаква си акција. ОСвен ако не ви е исклучително привлечно да водите љубов на само еден метар од вас, каде што веќе има други паркирани возила со иста намера, тогаш избегнувајте да се сексате во автомобил.