Кошаркарите на Куманово беа најголемото пријатно изненадување од изминатиот спортски викенд. Тие успешно го совладаа составот на Гостивар кој влезе како фаворит во мечот, но излезе без лидерското место во табелата кое го имаше претходно.
Домашниот тим предводен од поранешниот кумановски тренер Марјан Србиновски, прикажа солидна игра во првиот дел од играта, но тоа не успеа да го сочува.
Со 24:18 започна втората четвртина од средбата, која на полувреме не донесе пресвртница во резултатот, кога Куманово и натаму беше во негатива со резултат 42:36.
Сепак вториот дел од средбата беше извонреден за избраниците на Александар Петровиќ. Со брза игра уфрлија 26 поени во кошот на гостиварци, наспорит нивните 13 и во одлучните десет минути на паркетот се влезе со резултатот 55:62.
Иако домаќинот мачеше мака и во последните минути игра не успеа да го надигра противникот, па конечниот резултат на крајот на мечот гласеше 85:72 и победа за Куманово.
Донован Доналдсон беше поентер на мечот, но заедно со Ѓелетовиќ единствени од тимот на Гостивар кои имаат двоцифрен број поени. Првиот 38, вториот 14.
Кај Куманово брилираа македонските кошаркари. Петмина од нив впишаа двоцифрен број поени, 24 има Горјан Марковски, поен помалку Марјан Јанески, по нив следува Марјан Младеновиќ со 12, а по 10 поени реализираа и Филип Стојановски и Теодор Атанасов.
Ова беше прв пораз на гостиварци на домашен терен, а резултатот донесе голем пресврт во прволигашката табела, Гостивар од лидерската позиција се спушти на второто место, а Кожув се искачи на врвот.
Куманово останува на средината од таблета дели ист број бодови со Работнички кој е на петто место, а по само еден бод им бегаат Еуро Никел, МЗТ, Гостивар и Кожув.