КК Куманово без сили за Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово бележат убедлив пораз со резултат 83:63 од екипата на Кожув во натпреварот кој се играше овој викенд.

Тимот на тренерот Александар Петровиќ од Гевгелија се врати со пораз од 6то коло од домашниот шампионат.

По резултатот 13:13 по првите десет минути игра никој не очекуваше дека домаќинот ќе земе замав и ќе успее да направи големо водство. Но, втората четвртина со серијата 12:0 на поранешниот кумановец Бобан Стајиќ беше првото поголемо водство, па на полувреме се замина со 31:16.

Предноста на домаќинот во третиот период се искачи и на +20, па Куманово имаше потешкотии да се врати во ритамот.

Кај Куманово најдобра игра прикажа Миладиновиќ со 16 поени, а кај победникот Пејн со 18 и Стајиќ со 16.

Leave a Reply