Повеќето луѓе имаат повремени главоболки, а дури 75 отсто од луѓето на возраст меѓу 18 и 65 години имаат главоболка најмалку еднаш годишно, додека повеќе од 30 отсто од возрасните изјавиле дека имаат мигрена.
Како да ја победите главоболката на природен начин?
Храна што предизвикува мигрена
Храната што содржи многу натриум, како и храната со адитиви како мононатриум глутамат (МСГ) или вештачки засладувачи како аспартам, предизвикуваат мигрена.
Освен тоа, треба да се избегнуваат и јајцата, доматите, кромидот, млечните производи, пченицата, вклучително и тестенините и лебот, алкохолот, особено црвеното вино, кофеинот, чоколадата и јаткастите плодови (ореви, бадеми, лешници).
Недостатокот на овие супстанци во организмот предизвикува главоболка
Други предизвикувачи на мигрена вклучуваат: стрес, алкохол, промени во времето, промени во навиките за спиење и одредени лекови.
Неодамнешните студии и истражувања покажаа дека некои промени во исхраната можат да помогнат во намалувањето на зачестеноста на мигрената.
Храна што ги намалува нападите на мигрената
Обрнувањето внимание на правилната исхрана е една од најдобрите можни одбрани против мигрените. Консумирањето на природна храна без конзерванси или вештачки ароми е еден од начините да се ослободите од главоболката.
Една студија открила дека веганската исхрана е најдобра за елиминација на мигрената. Исхраната базирана на билки е добар начин да го подобрите вашето здравје.
Болки кои не смеете да ги игнорирате!
Во борбата против мигрената јадете портокалов, жолт и зелен зеленчук, како што се тиквички, сладок компир, моркови и спанаќ. Пијте газирана, изворска или вода од чешма.
Оризот е исто така добар, особено кафеавиот. Јадете и сушено или варено овошје, како цреши и брусница, но исто така и природни засладувачи или ароми, како што се јаворовиот сируп и екстрактот од ванила.
Витаминот Б2 или рибофлавин можат да помогнат во намалувањето на зачестеноста на мигрените. Витаминот Б2 може да се најде во лососот и црвеното месо. Покрај тоа, присутен е и во житарките и печурките.