Откако се врати во Македонија, Гоце Гиновски алијас Карло Бос, најави влегување во неколку реални шоу програми на Балканот, но никако немавме можност да го видиме, сè до денес, кога тој објави дека влегува во ”Големиот брат”.
Карло на својот Фејсбук профил се пофали со информација дека следната недела ќе нè поздрави од куќата на Големиот брат.
Сите во Куманово и Македонија знаат кој е Карло Бос, и на што сè е подготвен.
Со оглед на тоа дека неговата професија е поранешен порно глумец, ние од него очекуваме да ни го „обели образот“, и сигурни сме дека ќе нè претстави во најдобро светло, и дeка ќе успее да ќари некоја српска старлета пред сите други.
Тој нема да се срами од камерите, затоа што како што велат кумановци, а посебно кумановки, Карло Бос има со што да се пофали.
Е сега, кој видел знае, кој пробал знае подобро, а за сите оние кои не виделе, останува да го чекаат почетокот на новата сезона на ова реално шоу на Балканот, за да видиме дали Карло Бос конечно ќе ја проба среќата, и ќе го покаже „врсникот“ пред широкиот балкански аудиториум.