Заев утре на пикник, задутре на граѓанска трибина во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската ораганизација на СДСМ Куманово во пресрет на празникот „11 Октомври“ утре со почеток во 10:30 часот ќе организира пикник на фудбалското игралиште на Спомен Костурница.

Loading...

На пикникот како што информираше денеска претседателот на кумановскиот огранок на партијата, Мартин Костовски, ќе присуствува и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, како и делегација на највисокото партиско раководство.

Во сабота пак, со почеток во 13 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ премиерот ќе учествува на трибина со граѓаните.

Трибаната е со работен наслов „Пресек на двегодишното работење на Влада на Република Македонија“, каде свое излагање ќе има премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, вицепремиерот и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Ве покануваме да присуствувате на трибината и да земете учество со своја сугестија или критика, изјави денеска на прес конференција Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.

Како што потенцираше Костовски, сугестиите и критиките се од голема важност затоа што сите цврсто одат „На прав пат“.

Leave a Reply