НЕ НАПРАВИЛ ПАТИШТА: Го врзале градоначалникот за камион и го влечеле по улица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица беа уапсени откако градоначалникот на место во мексиканската држава Чиапас беше изваден од својата канцеларија, врзан за камион и влечен низ улиците.

Loading...

Инцидентот се случил во вторникот и градоначалникот, кој беше „казнет“ за наводно неисполнување на предизборното ветување за поправка на локалните патишта, бил нападнат од земјоделците, јавува Би-Би-Си.

Локалната полиција брзо го ослободи градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Ернандез, и тој не претрпел сериозни повреди.

Сепак, тој најави дека ќе поднесе обвиненија за киднапирање и обид за убиство.

Потврда за настанот е и видео снимка на која се гледа како група мажи го киднапирале градоначалникот од зградата и подоцна го влечеле по патот.

Leave a Reply