ХАОС НА ВЕНЧАВКА: Наместо на меден месец, завршиле во притвор

Сподели со своите пријатели

Штотуку венчнавите младенци, наместо на нивниот меден месец, заедно завршиле во затвор. Тие, наводно, како што пренесуваат медиумите, пристигнале во затворот откако претходно се судриле со полицијата.

Loading...

Ешли Џордан (30) и нејзиниот сопруг Ерик Кордова (31) од Аризона, биле во брак само неколку часа кога младоженецот предизвикал инцидент со еден од келнерите на нивната свадба, поради што полицијата интервенирала.

Кога разбеснетиот Кордова ја видел полицијата, тој станал уште поагресивен. Кога се обидел да се справи со претставниците на законот и редот, тој паднал на земја и во таа прилика биле вознемирени и сите гости.

Како резултатна тоа во мешаницата се вмешала и  невестата, која, наводно, удрила во главата еден од полицајците.

Како резултат на нападите врз службени лица, двајца од нив биле уапсени и одведени во затвор под обвинение за опструирање на правдата, напад врз службено лице, како и лошо однесување.

Парот ноќта ја минувале во затворска ќелија наместо во хотел, но не се наведува дали биле заедно или во одделни единици.

Покрај младенците, уапсени се уште четворица мажи, од кои двајца се приведени и двајца ослободени.

Двајцата полицајци кои биле вмешани во инцидентот поминале со полесни повреди.

Loading...

Leave a Reply