Иако можеби мислите дека е невозможно, постои начин да ви биде удобно додека летате во авион, а истовремено да изгледате добро кога ќе слетате на саканата дестинација.
Повеќето, со цел да не изгледаат мизерно, спортско и неуредно при слетување на дестинација, избераат стајлинг што е целосно погрешен и непријатен за авион.
Сепак, според искусните патници и стјуардесите, има неколку работи што не треба да ги носите додека патувате со авион за да го направите вашиот лет што е можно поудобен.
Отстранете накит и тешки додатоци
Ако имате премногу накит и ви е побарано да го тргнете при скенирање на аеродромот, процесот ќе биде многу покомплициран и ќе направите метеж.
Исто така, ако имате многу накит на вас, вашето патување ќе биде помалку пријатно и помалку удобно.
Можете да ставите свршенички прстен или бурма, како и некои нараквици кои лесно можат да се отстранат при скенирање.
Не носете ништо тесно
Тесната облека во никој случај не е удобна за патување, особено кога летате, бидејќи телото природно отекува, па нема да ви биде пријатно.
Наместо тоа, облечете еластични материјали, спортски комплети, стилски панталони или хеланки на ластика и слично.
Неудобен градник
Неудобниот градник кој постојано се крева, се движи, чии ремени постојано испаѓаат, ве чешаат и слично е последната работа што ви треба додека летате.
Практикувајте да носите спортски градници без бретели што одговараат на вашата големина.
Кратка облека
Дури и ако одите на летна дестинација и сакате лесно да се облекувате, тоа е грешка.
Избегнувајте да носите кратки шорцеви, здолништа и облека без ракави бидејќи може да биде студено во авионот, затоа секогаш облечете се повеќеслојно за температурни разлики.
Парфеми
Она што ве освежува вас може да биде тортура за другите, бидејќи некои патници може да бидат преосетливи или алергични на некои состојки и мириси.
Земете дезодоранси или уште подобро и прескокнете го парфемот додека летате.
Високи потпетици и апостолки
Потпетиците може да го забави темпото и да ви предизвикаат големи проблеми во случај на евакуација или брзање, а исто така не се удобни.
Апостолките исто така не се многу удобни ако треба да трчате и не се препорачува нозете да бидат разголени поради бактериите, како и затоа што може да биде студено.