Кумановци вчеравечеруживаа во звуците на трубата на 14-тиот „Рома Труба Фест“ кој беше свечено отворен на градскиот плоштад.
Loading...
Организатор на традиционалната манифестација е Ансамблот за народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, а фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура.
Вчеравечер настапија повеќе музички состави од Македонија, Франција, Кипар и Србија, а забавата продолжува и вечерва. Ѕвезда на вечерта ќе биде „Љубојна“ со што ќе заврши и овогодинешното издание.
Loading...
Во продолжение дел од атмосферата, а повеќе фотографии на нашиот Инстаграм профил.