Ќе се мијат улиците во Куманово, Димитриевски со апел возачите да не попречуваат

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од денеска па до крајот на месецот ќе врши редовно рачно миење на улиците во централното градско подрачје.

Loading...

За таа цел градоначалникот Максим Димитриевски упати апел граѓаните да не го попречуваат процесот со несовесно однесување во сообраќај.

– Барам разбирање од граѓаните во делот на непрописно застанување и паркирање на возилата на посочените локации како би можеле непречено и целосно да ги спроведеме акциите, апелира Димитриевски.

Во продолжение и распоредот на активности:

– 17.08.2019 г. и 19.08.2019 г. Ул. Народна Револуција;

– 20.08.2019 г. Ул. Гоце Делчев;

– 21.08.2019 г. Ул. Доне Божинов;

– 22.08.2019 г. и 23.08.2019 г. и 24.08.2019 г. Бул. Октомвриска Револуција;

Loading...

– 26.08.2019 г. и 27.08.2019 г. и 28.08.2019 г. Бул. Трета Македонска Ударна Бригада;

– 29.08.2019 г. Ул. Иво Лола Рибар (Нагорички Сокак);

– 30.08.2019 г. Ул. 11 Ноември (Бедињска).

Leave a Reply