Пронајдени се фосилни остатоци од животно за кое се смета дека било високо околу 1,6 метри и тешко до 80 килограми.
Музејот Кантербури го нарекол „пингвин чудовиште“, а животното е додадено на списокот изумрени новозеландски животински видови. На него се и папагали, орли, стаорци и моа, птица висока 3,6 метри.
И ТОА ПОСТОИ: Геј пингвини одгледуваат „подметнато“ младенче
Се смета дека пингвините толку растеле затоа што големите морски влечуги исчезнале од океанот, од прилика во исто време кога исчезнале и диносаорусите.
Моментално најголемиот вид пингвин расте до 1,2 метри.
Во време на џиновскиот пингвин, Нов Зеланд се уше бил дел од Австралија, за која се смета дека била поврзана со Антарктиот.
СЕЛФИ КОЕ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Овие пингвини ќе ви го разубават денот (ВИДЕО)
Новиот вид, кросвила виаперенсис, потестува на уште многу праисториски џиновски пингвини, кои биле пронајдени на Антарктикот.
Според истражувачите, стапалата на пингвинот кросвил веројатно играле голема улога во пливањето во однос на оние кои ги има кај современите пингвини.
Тој веројатно ги делел водите околу Нов Зеланд со џиновски желки, корали и морски кучиња со чуден изглед велат експертите.
Зошто пингвините не можат да летаат?
Не е сосема јасно зошто џиновските пингвини исчезнале од водите на јужната хемисфера, а според една теорија тоа се случувало поради се поголемиот број морски цицачи.
Ножни коски од овој вид откриени се и минатата година на локација во Северене Катанбери и од тогаш ги анализира меѓуароден тим.